Центарот на ја сакаше, шесто место за Оливера во Токио!

by Fokus

Едноставно од почетокот на натпреварот „не ја сакаше центарот“, како што велат стрелците. Погодоците се вртеа на дел од милиметар од десетката, но никако да ја „закачат“ и да го направат резултатот повисок, а настапот помалку стресен за стрелецот-информира Бранимир Јовановски од Македонски Параолимписки комитет, по повод вчерашниот настап на Оливера Наковска Бикова, најдобрата македонска стрелачка во пиштолски дисциплини.

Таа настапи на олимпиското стрелиште во Асака, Токио, во дисциплината П2-воздушен пиштол-жени 10 метри и заврши како шестопласирана. Битолчанката настапи во конкуренција од 18 врвни натпреварувачки, а според Јовановски, резултатот е далеку од нејзините реални можности.

– Ова е резултат кој повеќе се должи на недоволно спортска среќа, отколку на некакви грешки во настапот. Секако ова шесто место е голем успех како за неа, така и за Параолимпискиот комитет на Северна Македонија. Таа петти по ред Параолимписки игри влегува во финалните борби, што е доказ за седумнаесет-годишен континуитет на врвни спортски перформанси. Се надеваме дека на следните два настапи ќе има повеќе спортска среќа, оти знаењето и борбеноста сигурно не и недостасуваат. Одиме понатаму, следниот натпревар е на 02.09.2021, дисциплина П3-Спорт пиштол на 25 метри-порача Јовановски.

Како потсетување, Оливера пред девет години на Македонија и донесе златен медал на Параолимписките игри во Лондон.

Вики Клинчарова

Поврзани новости