Цела Австрија на нозе: „Чудно е што детето е без количка, овде мајките не ги пуштаат децата да шетаат по станица“

by Fokus

Целата јавност во Австрија е запознаена со случајот со исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бор, по која се трага веќе седум дена, вели српската новинарка Вера Марјановиќ за Блиц.

Таа посочува дека медиумите во оваа земја пишуваат дека девојчето од видеото било многу вознемирено, дека врескало кога двете жени – Романки и кажале нешто и дека единственото нешто за што го обвинуваат човекот што го направил видеото е тоа што не ја алармирал веднаш полицијата.

Претседателот на Српскиот културен центар во Виена, Саша Божиновиќ истакна една нелогичност на видеото кое се појави вчера, а на кое се гледа девојче кое многу потсетува на исчезнатата Данка Илиќ (2).

– Според реакциите на овие жени, чудно е што детето е без количка. Овде ниедно дете не се носи без количка и мајките не ги пуштаат децата да шетаат по станица, на оваа нелогичност укажаа сите мајки од нашиот Центар – вели Саша.

Австриската полиција почна да го бара двегодишното девојче од Србија. Српската полиција на Европол му ги доставила сите податоци и самото видео со девојчето што можеби е Данка.

Интерпол распиша жолта потерница по девојчето.

Српски државјанин кој живее во Виена, според неговите сопствени изјави, на 30 март околу 20:00 часот на трамвајска постојка во центарот на градот видел мало девојче кое личи на исчезнатото во Србија во придружба на две жени. Во врска со тоа, тој стапил во контакт со српските власти, кои се обратиле до виенската полиција со барање за истрага.

Српската амбасада во Виена апелира до граѓаните доколку го препознаат девојчето веднаш да ја известат српската или австриската полиција.

Поврзани новости