Се погребуваат 57-те загинати во судирот меѓу два воза во Грција

by Fokus

Пет дена по железничката несреќа во Грција се погребуваат 57-те млади луѓе, кои загинаа во судирот на возовите.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска побара прошка од семејствата на 57-те загинати во најголемата железничка несреќа која се случи во Грција.

-Како премиер, им барам на сите, особено на роднините на жртвите, прошка, напиша Кирјакос Мицотакис во пораката до нацијата.

Несреќата што се случи ноќта меѓу 28 февруари и 1 март, кога се судрија патнички и товарен воз, предизвика голем револт низ Грција.

Поврзани новости