Ахмети гo замени Меџити со Бујар Османи како координатор на огранокот Чаир

by Fokus

Демократската Унија за интеграција  го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, пренесе ТВ21.

Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“.

Претходно, како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити.

Веќе подолг период „Огнената група“, во која се Изет Меџити и Муса Џафери се спротиставуваат на лидерот на ДУИ, барајќи од него да го тргне Артан Груби.

Поврзани новости