Царовска: Во моментов имаме концепција која ја дава контурата, од јануари ќе се прават наставните програми

by fokus

Министерката за образование, Мила Царовска во гостувањето на телевизија Сител нагласи дека концептот за основно образование ја дава само контурата, а од јануари ќе се прават наставните програми.

-Апсолутно се споиви предметите. Во Америка, во Австралија, во приватните училишта во Северна Македонија го има овој модел. Луѓето што се вклучени, работната група од  13 луѓе апсолутно веруваат во овој модел. Членови на работната група се луѓе од природни науки, од општествени науки, луѓе кои разбираат образовни системи.
Во јануари ќе се објави повикот за изработка на наставните програми. Во моментов имаме концепција која ја дава само контурата. Во среда наредна недела ќе има јавна презентација. Концепција почнува од воспоставуване национални стандарни. Секое дете кое ќе излезе од деветолетка треба да постигне одредна јазична писменост, користење на друг јазик, треба да има математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен социјален развој, демократска култура и граѓанство, претпримеништво и уметничко изразување и култура. Ова се осумтте национални стандарди. Од тука поаѓаме за формирање на наставните предмети, објасни Царовска.

 

 

Поврзани новости