Царовска: Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија

by Fokus

Настава на турски јазик во основните и средните училишта во Северна Македонија посетуваат 8300 ученици  односно и за нив образованието до 18-годишна возраст е на мајчин јазик, целосно е бесплатно и постојано се унапредува, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на прославата по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, која ја организираше Сојузот на турските невладини организации во државата (МАТУСИТЕБ) со поддршка од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Таа подвлече дека интенција на МОН и Владата при унапредување на квалитетот на националниот образовен систем била придобивките да ги почувствуваат сите ученици, независно на етничката или каква било друга припадност. Посочи дека МОН вложува во инфраструктурни услови во образованието подеднакво во  сите општини, урбани и рурални средини, независно на етничкиот состав на населението.

– Учењето мајчин јазик не треба да биде привилегија. Тоа е основно право кое треба да биде овозможено секому. Ако детето учи на јазикот што прво ќе го слушне и најдобро го разбира, тогаш многу подобро ги усвојува наставните содржини и има попозитивен став кон училиштето. Кога децата можат во училиште да го користат својот мајчин јазик, тоа им го олеснува меморирањето знаења и важни информации, како и стекнувањето на низа други основни вештини, рече Царовска на настанот на кој меѓу претставници на државни институции од земјава присуствуваше и  претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Поврзани новости