607
Консултациите за законот за јавно обвинителство продолжуваат и денеска и во моментот кога сите елементи ќе бидат исполнети тој ќе се најде на гласање, изјави денеска вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска.
-Сите оние кои што сметаат дека оваа држава треба да се движи напред, да создаваме иднина за младите и за сите нас останати е важно да ја дигнат својата рака за тој закон се со цел да ги отвориме перспективите на оваа држава и да продолжиме да чекориме со ист интензитет како и овие две и пол години – рече Царовска.
Царовска не откри колку пратеници во моментот го поддржуваат законот и за што се преговара.