464
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека со зголемувањето на социјалната помош на 12 илјади денари примателите ќе бидат ангажирани.
-Или ќе има едукација и преквлификација од 8 часа, односно цело работно време или ќе бидат вклучени во социјални претпријатија и општини вршејќи некаква општествено корисна работа. Тие нема да имаат време да вршат сива економија. Затоа, оние кои заработуваат повеќе ќе се откажат од социјалната помош, рече Царовска.