690
Министерката за образование Мила Царовска вели дека сите добри работи од различни наставни програми се земаат и се имплементираат на нашиот образовен систем.
-За сериозен зафат во образование мора да одиме етапно. Затоа велиме прво одделение влегуваме со нов концепт – рече Царовска на ТВ 21.
Таа посочи дека државата купила книги кои освен што биле лошо преведени тие се несоодветни за наставните програми.