Поројните дождови предизвикаа поплави во Албанија, Мета бара ангажман на сите структури

by Фокус

По поројните дождови во изминатите денови, кои предизвикаа поплави во повеќе делови на Албанија, шефот на државата Илир Мета побара итно ангажирање на сите структури со цел „државата да му помогне на секој граѓанин од поплавените подрачја“. Според Мета, тешко е денес да се најде регион во Албанија без проблеми од дождовите.

-Десетици куќи, деловни објекти и големи земјоделски површини, приватен и јавен имот, од север до југ, се поплавени, но недостасува помошта на државните структури за жителите. Во над 10 куќи во Шијак и над 70 во Сухт 2 и Вадард надојдената вода е 30 сантиметри. Истата состојба резултира и во Берат, а се предупредува на можно влошување на состојбата во регионите на Фиер и Корча“, напиша Мета на фејсбук.

Поврзани новости