Царовска: Никогаш не рековме дека ќе го пресликаме финскиот модел, изградивме наш македонски модел

by fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната прес конференција, заедно со останатиот раководен кадар во образованието, го претставија концептот за новата наставна програма за основното образование.

-Работната група анализираше многу модели. Ние изградивме наш македонски образовен систем, за да може потоа да може да биде развиван. Сличен модел имаат Финска, Естонија, Британија… Никогаш не кажавме дека целосно го пресликуваме финскиот модел. Анализиравме модели на 10 земји, кои имаат и слабости. Затоа изградивме наш, македонски модел, истакна министерката Царовска.

Таа појасни дека сите сме согласни дека реформи во основното образование ни се неопходни и потребни веднаш.

-И токму затоа денеска јавно ја презентираме новата концепција за основно образование, која потоа преку јавна дебата сите заедно ќе ја донесеме како успешен иновативен модел за учење во нашата држава, рече Царовска.

Таа нагласи дека сите меѓународни и домашни истражувања потврдуваат дека на децата во нашата држава не им се овозможува да се стекнат со компетенции потребни да го развијат својот полн образовен потенцијал и личен развој.

„Новата концепција за основно образование се заснова на однапред определени национални стандарди за компетенции што треба да ги стекнат учениците по завршување на основното образование, а тоа се во делот на јазична писменост, математика, природни науки, технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемаштво. Овие национални стандарди се вградени во клучните компетенции за доживотно учење, коишто се опфатени во препораките на Советот на Европа со цел да се подобри квалитетот на образованието во земјите членки и овие клучни компетенции се прилагодени на возраста на учениците и на контекстото на македонското општество, нагласи Царовска.

Таа потенцира дека целосно се менува и пристапот на наставата.

Поврзани новости