Кривична пријава за сопственик на кафеана кој служел гости и по полноќ

by fokus

Сопственик на кафеана во тетовското село Пирок заработи кривична пријава бидејќи во објектот имало гости и по полноќ, иако угостителите според протоколите за заштита од ковид-19 не смеат да работат после 18 часот.

-На 23.12.2020 во 00:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово констатирале дека угостителски објект во с. Пирок, Тетовско, сопственост на Г.П.(45), работел по дозволеното време и во него се наоѓале неколку лица, поради што на сопственикот на објектот ќе му биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од МВР.

Поврзани новости