Влада: Ќе продложиме да даваме идеи се додека не се надминат пречките со Бугарија

by fokus

Владата ќе продолжи да дава и да разменува идеи се додека не се надминат проблемите и пречките со Бугарија, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во одговор на новинарско прашање зошто специјалниот претставник не ја информира јавноста по враќањето од Софија за нонпејперот што го претставил на бугарските власти.

-Владата пред десетина дена информираше, а кажа и специјалниот претставник на Владата, дека документот содржи и размена на идеи кои постојано ги даваме и ќе продолжиме да ги даваме, се додека не ги надминеме проблемите и пречките кои од страна на Бугарија се испречија за нашата европска интеграција, односно за следниот чекор а тоа е одржувањето на првата меѓувладина конференција, рече Арсовски.

Премиерот Заев минатиот понеделник во врска со преговорите со Бугарија и за содржината на нонпејперот и разговорите на специјалниот претставник на Северна Македонија Владо Бучковски во комуникацијата со Софија, подвлече дека со бугарската страна постојано се разменуваат идеи за надминување на пречките.

-Тоа се размена на идеи коишто постојано ги даваме, и ќе продолжиме да ги даваме се додека не ги надминеме проблемите и пречките коишто од страна на Бугарија се испречија на нашата европска интеграција. Тука е Акциониот план којшто е изработен заедно министерот за надворешни работи, со потпретседателот на Владата за европски прашања, и со Канцеларијата на претседателот на Владата како дополнителна мотивација за поефикасна и побрза имплементација на Договорот со Бугарија, рече премиерот Заев.

Специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски на 10 декември беше во Софија на разговори со премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, за да се изнајдат можности за решение со Бугарија, со цел одблокирање на македонските евроинтеграции.

Поврзани новости