Царовска: Мала неодговорност може да го промени моделот кај некои училишта

by fokus

Спремни ја започнуваме учебната година со физичко присуство. Но, би сакала да потенцирам дека е многу значајно секој поединец, кој во моментов е во некаква конекција со системот на образование да биде одговорен. Мала неодговорност може да донесе, одредени училишта да го променат моделот на функционирање, порача денеска министерката за образование, Мила Царовска на прес-конференција во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје по повод почетокот на новата учебна година.

Во највисок интерес на сите ученици, нагласи Царовска, а со тоа и во највисок интерес на иднината на државата е учениците да се со физичко присуство и да ги почитуваат протоколите.

– Ако сите ги почитуваме протоколите, се грижиме за своето здравје и за здравјето на нашите најблиски, тогаш навистина имаме можност да одржиме континуитетна настава со физичко присуство, а притоа да го заштитиме и јавното здравје, изјави Царовска.

Значајно е, нагласи Царовска, што наставата започна со физичко присуство.

– Јас гледам среќа во очите на децата, среќа кај наставниците, затоа што за да имаме целосен образовен процес, потребно е училниците да бидат отворени за учениците и за наставници. Така продолжуваме се додека не наложи епидемиолошката состојба, нештата да бидат поинаку. Секој, случај се решава индивидуално, согласно позитивните законските прописи и правилници за однесување и дејствување во образовен систем, рече Царовска.

Градоначалникот Петре Шилегов, информира дека Градот Скопје во сите 23 средни училиште со кои раководи во соработка со МОН и Министерството за здравство ги презема сите неопходни мерки кои ќе гарантираат безбедна посета на наставата.

Не може, нагласи Шилегов, само институциите да бидат одговорни за здравјето и затоа разговараме и со учениците, за како што рече, сите на свој начин да придонесат за задржување на здравствената состојба на што е можно повисоко ниво.

Поврзани новости