Царовска: Без промени во образованието нема да фатиме чекор со светот

by Фокус

Ако не направиме промени во основното образование денес, нема да фатиме чекор со светот, порача министерката Царовска во вечерашното гостување на ТВ Клан.

– Реформата не е козметичка. Затоа ни е потребна реформа којашто ќе направи тектонски промени. За првпат имаме реформа која се фокусира на знаењето на децата. А сето ова го нуди оваа концепција – рече Царовска.

Таа нагласи дека нема да се намали бројот на часови, ниту пак дека предметните наставници ќе останат без работа. Она што се добива со интегрирањето на предметите, според неа, е продлабочување на знаењата на учениците.

– Намалување на бројот на часови нема или е многу ситно. Во делот на природни науки, поединечните дисциплини билогија, хемија, физика од шесто до деветто одделение се застапени со 16 часа, а во новиот наставен план се застапени со 18 часа. Додека општествените науки, како историја, географија и граѓанско, зошто географија ја имаме и во природни и во општествени науки, сега се застапени со 18 часа, а во новата концепција со 17 часа – рече Царовска.

Поврзани новости