Вакцините за Западен Балкан ќе бидат тема на состанок на европските лидери

by Фокус

Набавката на вакцини за Западен Балкан ќе биде една од темите на дискусија на лидерите на ЕУ на состанокот на 21 јануари, најавено е вечерва во Брисел.

– Треба да разговараме за соработката со трети земји во врска со вакцините што треба да се третираат како глобално јавно добро. Ќе видиме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко – рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ, Мишел наведува дека на состанокот ќе се разговара и за кампањата за вакцинација во рамките на ЕУ.

-Забрзувањето на вакц-инацијата во ЕУ е наш апсолутен приоритет. Ќе разговараме за соодветноста на заедничкиот пристап кон сертифицирање, како и, доколку е потребно, околностите под кои може да се користат ваквите сертификати – рече Мишел.

Претседателот на Еврпскиот совет смета дека моменталната состојба со Ковид-19 во Европа бара најголемо внимание.

Поврзани новости