Српскиот професор по глума Алексиќ доби притвор по обвинувањата за силување

by Фокус

Мирослав Мика Алексиќ, познат драмски педагог и сопственик на школа по глума во Белград, беше приведен откако повеќе девојки го пријавија за силување или сексуално вознемирување. Но, тој ја негирал вината на сослушувањето во српското јавно обвинителство. Сепак, нему му е одреден притвор од 30 дена.

Инаку, Алексиќ е обвинет за дури осум кривични дела на силување, ни и седум кривични дела на недозволени полови дејства, извршени врз 6 оштетени во периодот од 2008 до 2020 година.

Како што соопштија од српското обвинителство, една од нив е малолетна.

Поврзани новости