Основното јавно обвинителство по допрен глас истражува дали во процесот на посвојување деца одредени лица од Министерството барале пари, потврди денска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
– Јас не би коментирала истрага што ја води ОЈО. Сите информации што се побарани од нас и со кои располагаме ги даваме затоа што намерата ни е да имаме правна држава во која сите се чувствуваме безбедно и сигурно. Ако ова е така и се докаже, очекувам сите што биле вклучени во еден таков процес да одговараат – рече Царовска.
Во извештајот на Народниот правобранител, рече министерката, се наведува оваа тема, но како што рече, не се наведуваат докази.
– МТСП не е истражен орган и очекуваме надлежните институции да си ја завршат својата работа. Секое сомнение или јавно искажан збор дека некаде постои трговија со луѓе, деца … треба да се истражува. Ние како Министерство стоиме и сме отворени и соработуваме со МВР, со Обвинителството и сите други надлежни служби – рече Царовска денеска одговарајќи на новинарски прашања.