Фетаи најави постапки против лекарите кои му издавале боледување на обвинет за да избегне рочишта

by fokus

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, најави покренување на постапки против лекарите кои му давале боледување на Милан Андоновски, кој е обвинет во предметот за насилствата во Општина Центар. Според Фетаи боледувањата биле наменски вадени пред рочиштата, со цел Андоновски да ги избегне.

На денешното судење во Кривичниот суд Фетаи рече дека Специјалното јавно обвинителство побарало вонреден инспекциски надзор во Општата медицинска установа каде е издадена потврдата. Целта била да се провери дали Андоновски навистина бил на боледување.

Комисијата за стручен надзор од Лекарската комора при тоа утврдила дека при издавање на боледувањето имало пропусти. Според Фетаи, недостасувале стандардни лабараторски анализи.

Инаку Андоновски не беше присутен на минатите рочишта, адвокатите го оправдале неговото отсуство со лекарско оправдување на кое пишувало дека има ларингит.

Судењето ќе продолжи на 19 април.

Поврзани новости