Парламентарното мнозинство штанца закони без опозицијата

by fokus

Речиси 40 закони од различни сфери, здравство, енергетика, земјоделство, туризам, екологија, денеска го поминаа првото читање во Собранието со што беше исцрпен дневниот ред на 38. седница.

Парламентарното мнозинство ги помина законите без расправа и без побаран збор од пратенците. Законите само се гласаат, без присуство на опозицијата. Столчињата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ останаа празни.

Собраниската агенда денеска предвидува четири пленарни седници. Речиси сите предлог закони се во прво читање, а има и неколку барања за автентични толкувања. На дневен ред денеска се и две одлуки за давање согласност за измени на Статутот на Комисијата за хартии од вредност и на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза.

По оваа, треба да се одржат и продолженија на уште две седници, осмата и 40-тата. На осмата седница се останати предлог-измените на Законот за јавното обвинителство и Извештајот за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, додека на 40 седница има преку 60 закони од кои два се со европско знаменце.

 

Поврзани новости