Македонија забранува увоз на животни, јајца и семе од Црна Гора и Словенија поради болеста син јазик. Одлуката на Владата е веќе објавена во Службен Весник и стапува на сила од утре.
Словенечката управа за храна и ветеринарство открила две животни заболени од син јазик, додека во Црна Гора состојбата е алармантна.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека мерката забрана за увоз може да се донесе како превенција дури и ако нема заболени во земјата односно ако само постои сомнеж.
Инаку, Болеста син јазик е вирусно заболување кое ги напаѓа преживарите (овци, кози и говеда), а се пренесува преку инсекти Culicoides, кои се заразуваат со вирусот кога цицаат крв од инфицирани животни. Не се пренесува од животно на животно и не постои ризик по здравјето на луѓето.