Иванов: Не е важно кој ќе победи на изборите, важно е како ќе ја води државата

by fokus

Во вчерашниот свој говор на свечената академија во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста, претседателот Ѓорѓе Иванов истакна дека на изборите на 11 декември не е важно кој ќе освои најмногу гласови и кој ќе владее до следните избори.

-Најважно од сè е она што ќе следи по изборите, по 11 декември. Изгубивме многу скапоцено време. Овие избори се шанса да ја завршиме оваа горка страница исполнета со неизвесност и да свртиме нова страница. Новата влада ќе има голема задача, на повеќе полиња. Во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции, неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре. Што значи тоа? Ако Европската Унија нема волја да ги започне преговорите за членство и да ги отвори поглавјата за Македонија, тогаш ние самите треба да си ги отвориме 34. поглавја, и ние самите треба да си ги исполниме критериумите за членство во Унијата, рече Иванов.

Иванов рече и дека е неоходно да се зацврстат институциите, но и да се реформира судството, како и образованието и да се унапреди економијата.

Поврзани новости