Царина поднесе кривични пријави против фирма увозник и против цариник за случајот со мобилните телефони

by Fokus

Царинската управа поднела кривична пријава против фирмата увозник и нејзиниот управител за случајот со мобилните телефони поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – царинска измама.

Кривична пријава е поднесена и против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување.

Неодамна, во комбе кое беше пресретнато на патот Петровец – Скопје, во заедничка акција на МВР и Царината беше утврдено дека количината на затекнатата стока не соодветствувала со таа што била декларирана на Царина.

„Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело царинска измама на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РСМ“ – соопштија од Царината..

Оттаму велат дека се „испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговора“.

Поврзани новости