Канадскиот премиер Џастин Трудо останува на власт откако победи на вчерашните изборите, неговиот главен противник го призна поразот, но неговите либерали не успеаја да постигнат мнозинска победа.
Трудо е на власт од 2015 година, а од 2019 година владее со малцинство во парламентот.
Ерин О’Тул, лидер на најголемата опозициска партија во Канада, Конзервативната партија, доцна синоќа го призна поразот, и обраќајќи им се на поддржувачите во неговата изборна единица во Торонто, рече дека му се јавил на Трудо да му честита.
Според досегашните резултати, конзервативците имаат 121 од 338 места во парламентот, додека либералите имаат 157 места.
Околу 27 милиони Канаѓани со право на глас избраа 338 членови на Долниот дом, а на партија и се потребни 170 места за да има мнозинство. Ако ниту една од двете партии кои се менуваат на власт уште од 1867 година не освои мнозинство во Парламентот, победникот составува малцинска влада.
Поради тоа, либералите ќе треба да преговараат со помалите партии како што е Новата демократска партија на Јагмит Синг (НПД, лево), која освои 20 проценти од гласовите, или блокот Квебек, сепаратистичка партија предводена од Ив-Франсоа Бланшет, која повторно доби сила при крајот на кампањата по полемиките за местото на Квебек во канадската конфедерација.