Од ноември влез во САД само за вакцинирани и со негативен тест

by fokus

Од ноември САД ќе дозволат влез на сите патници од странство, под услов да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот, објави Белата куќа.

Патниците, исто така, ќе треба да бидат и тестирани три дена пред да пристигнат во САД и да носат маски.

Авиокомпаниите ќе бидат должни да соберат информации за патниците за да контактираат со нив во случај на потреба, се наведува во упатството од Белата куќа.

Соединетите американски држави воведоа ограничувања за меѓународни патувања во март 2020 година.

Засега не е познато какви вакцини ќе бидат признати за патување во Соединетите држави, имајќи предвид дека таму се одобрени само „Фајзер“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Поврзани новости