Трудницата што настрада во несреќата кај Ласкарци е во стабилна состојба, во моментов се оперира пациент на неврохирургија

by Фокус

Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти од несреќата што се случи кај Ласкарци, од кои 15 се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа, а тројца се во критична состојба.

Како што соопшти Министерството за здравство, во Клиничкиот центар во Скопје пак хоспитализирани се 6 пациенти, од кои тројца на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, при што двајца се во стабилна состојба.

„Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од Неврохирургија“, соопшти МЗ.

Поврзани новости