Спасовски побарал повлекување на Јакимовски од СЕЛЕК: Подобро да немаме директор отколку да ни се смее цела Европа

by fokus

МВР побара повлекување на Тони Јакимовски од меѓународната организација СЕЛЕК, подобро е да немаме директор во СЕЛЕК отколку да имаме со криминално досие и да ни се смее цела Европа, изјави министерот Оливер Спасовски кој денеска го презентираше отчетот за сработеното во првите 100 дена. Како што рече тој, Министерството за внатрешни работи побарало повлекување

Недозволиво е, рече тој, во организацијата што се бори против организиран криминал, Македонија да биде претставувана од инкриминирана личност.

-Функцијата на Јакимовски во СЕЛЕК е лоша репутација за Македонија, па дури имајќи го во предвид и тоа дека треба да се почитува пресумцијата на невиност. Најмалку што се очекува е да се повлече самиот – рече министерот.

Спасовски потврди дека во МВР постојат двојни идентитети кои ги користеле вработени во службата. По однос на случајот за Горан Грујевски рече дека се уште се испитува и засега нема да открие детали.

Министерот за внатрешни работи изјави дека намалените средства за репрезентација ќе се искористат за набавка на нова облека за полицијата. Според него, полициските службеници не добиле нови униформи и чевли речиси една деценија.

-Заврши времето на луксузни ручеци и вечери, а досегашните луксузирања во МВР ќе го чекаат изборот на новиот јавен обвинител – посочи тој.

Поврзани новости