Минус од 39 милиони денари во МВР наследил Спасовски од Чавков

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти денеска дека кога дошол на функцијата, Министерството било 39 милиони денари во минус за исплатата на плати во тековната година.

На презентирањето на отчетот за сработеното во првите 100 дена во Владата, Спасовски најави формирање ново посебно одделение во МВР за гонење на организираниот криминал и корупција.

Тој најави 500 нови вработувања во МВР по завршувањето на локалните избори, со цел да не дојде до злоупотреби на конкурсот.

Од 189 претставки до сега поднесени против припадници на полицијата, десет од нив биле суспендирани од работното место, додека против петмина се покренати кривични пријави за несовесно однесување и за злоупотреба на службената должност, рече Спасовски.

 

Поврзани новости