Бејли: Најдобар начин да ги запаметиме оние кои сме ги загубиле е да им помогнеме на оние кои во моментот имаат потреба од помош

by Fokus 14:02
14:02

Најдобар начин да ги запаметиме оние кои сме ги загубиле е да им помогнеме на оние кои во моментот имаат потреба од помош, изјави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Белји претставувајќи ја крводарителската акција и акцијата за собирање прехранбени продукти и облека по повод Националниот ден на служба и сеќавање, која се одржува во Амбасадата на САД.

– Духот на волонтеризмот се зголеми од 11 септември 2001 година и тој дух се обидуваме да го пренесеме денеска тука во Македонија со одржување на оваа крводарителска и собирна акција, рече Бејли и им се заблагодари на тимот на Црвениот крст на Скопје и на Институтот за трансфузиологија, со чија помош Амбасадата ја организира акцијата.

- Advertising -

Оваа акција се спроведува веќе девет години и како што посочи Бејли секоја година зема се поголем замав.

Минатата година била достигната рекордна бројка, а амбасадорот на САД истакна дека смета оти оваа година може да се урне тој рекорд.

Поврзани новости