508
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случај со КОВИД-19, тројца починати (по еден од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г)) и 595 оздравени пациенти.
Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани пет починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 05.08. до 13. 08.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.