Владата се пофали: Имаме сто проценти активна транспарентност

by fokus

Владата има максимални 100 проценти активна транспарентност од можни 100 отсто, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска владината Прес-служба.

– Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25 отсто транспарентност во 2016 година, денес согласно рангирањето има целосна, односно 100 отсто транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент, се наведува во соопштението.

Од владината Прес-служба посочуваат дека според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто и во однос на минатата година, кога изнесувала 63 проценти, е подобрена за десет процентни поени.

Поврзани новости