Во источната венецуелска држава Анзоатеги, три лица починаа од потврдена инфекција со хантавирус, соопшти во вторникот Министерството за здравство на земјата, пренесува Ројтерс. Сè уште се истражуваат уште два смртни случаи на здравствени работници од државата Баринас.
Според Министерството, овие случаи не се поврзани со епидемијата во Анзоатеги и претставуваат изолирани инциденти кои не го загрозуваат јавното здравје.
„Овој вирус се пренесува преку глодари во руралните и земјоделските области, првенствено преку вдишување честички од урина, измет или плунка во затворени простории“, се наведува во соопштението.
„Во нашата земја не постојат научни докази за пренос на вирусот од човек на човек.“
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) минатиот месец објави дека се укинати мерките воведени поради појавата на хантавирус на еден брод за крстарење. Одлуката беше донесена речиси два месеца откако три лица починаа како последица на инфекцијата.
Вирусот „Анден“ (Andes virus), кој беше причина за таа епидемија, е единствениот познат сој на хантавирус што може да се шири преку близок и долготраен контакт меѓу луѓето.