Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски. На негово место го назначи поранешниот командант на Здружените сили, Михајло Драпати.
„Одлучив Михајло Драпати да стане новиот главен командант на Вооружените сили на Украина. Заедно со Михајло, Јевхен Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се обнови структурата на Генералштабот на Вооружените сили на Украина. Станува збор за 44-годишен генерал-мајор кој ги избегнува медиумите, но кого искусните воени команданти го сметаат за исклучително способен лидер“ пишува „Киев Индипендент“.
Драпати моментално командува со Здружените сили – нова командна структура за линијата на фронтот во и околу североисточниот регион Харков.
Откако ја презеде должноста во есента 2025 година, украинските трупи, вклучително и бригадата „Хартија“, ослободија големи делови од територијата околу Купјанск.
Не е сосема јасно колкав дел од тој успех може директно да му се припише на Драпати, бидејќи операцијата ја предводеа единици како „Хартија“.
Пред тоа, тој ја предводеше оперативнo-стратешката група (ОСУВ) „Днипро“ – голема командна структура што ги надгледуваше источните фронтови, а која Сирски ја распушти во октомври 2025 година.
Драпати ја започнал својата воена кариера како тенковски поручник на 21-годишна возраст, а преку тешки битки напредувал до највисоките командни позиции.
Во 2024 година, Зеленски го назначи за командант на Копнените сили.