Тројно убиство во Злетово

by Фокус 12:43
12:43

Четириесетгодишен професионален војник, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип, јавуваат медиумите.

Според достапните информации тој утринава ги убил родителите на неговата сопргуа со која наводно бил пред развод, а стрелал и во уште еден човек за кој засега нема информации дека некако е поврзан со семејството. Војникот во време на убиството, според дел од медиумите, бил на службена должност.

- Advertisements -

Инцидентот во полиција го пријавила ќерката на убиените, сопруга на војникот-убиец, откако чула истрели во домот на нејзините родители, бидејќи живеела во близина.

Пред само неколку недели се случи речиси идентичен инцидент во Кавадарци кога еден човек ги уби родителите и сестрата на својата поранешна сопруга и тоа во нивниот дом.

Поврзани новости