Курир дознава: 97% од невработените во Македонија се симпатизери на СДСМ!

by lali

Порталот се повикува на блиски извори на власта преку кои дознава дека СДСМ ги терала своите симпатизери секој месец да одат и се пријават во Агенцијата за вработување со цел да се зголеми процентот на невработени лица а со тоа и се оцрнат обидите на власта во борбата против невработеноста.

Ова бројка од над 300 000 невработени симпатизери на СДСМ можеби е многу поголема со оглед на фактот што земјава во последните 15 години ја напуштиле од 150 до 200 илјади лица. Станува збор за претежно млади луѓе кои се заминати на привремена работа во странство и голем број од нив се уште се заведени во Државната агенција за вработување.

„До кога СДСМ ќе ги држи своите симпатизери невработени? Сепак тие се нивна одговорност, а не одговорност на Владата на Република Македонија која секогаш и во секое време се грижи за своите граѓани кои не се партиски определни и не паѓаат под влијание на најголемата опозициска партија.“ – стои во кратката анализа на независниот портал.