Тривиќ не ги признава резултатите – обвинува за изборна кражба

by fokus

Партијата за демократски напредок (ПДП) не се откажува од тврдењето дека кандидатот на опозицијата за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ, го победила својот противкандидат Милорад Додик (СНСД), наведувајќи дека на изборите се случила огромна изборна кражба и промена на гласачката волја.

Тривиќ денеска објави дека ПДП нашла докази на десетици избирачки места дека таа, како еден од двајцата кандидати меѓу кои се води најголемата битка, добила или нула или многу мал број гласови, еден или два, и дека нејзините се запишани на други кандидати од листата на кандидати за претседтаел на РС.

Таа објави видео клип од телевизијата БН во кој претседателката на избирачкиот одбор во Крајишник кај Градишка, каде што е родена нејзината мајка, јавно признава дека ги регистрирал нејзините гласови за друг кандидат, Зоран Калиниќ.

„Повеќе од 32.000 неважечки гласачки ливчиња, бројни нерегуларности во Добој, Зворник и Приједор и низ Република Српска, заедно со многу неправилности, појава на „слепи“ лица, покажувачи, исфрлање набљудувачи од избирачкото место, промена на записникот… Сето тоа се причините поради кои нема да ги признаам изборните резултати за нивото на претседател на РС и ќе инсистираме на ЦИК на БИХ повторно да се одржат изборите“, посочи Тривиќ.

Таа додаде дека правниот тим на ПДП се документира и предава на надлежните институции, нагласувајќи дека ќе ги искористат сите цивилизирани и демократски средства за расчистување на работите, за да се почитува волјата на народот.

Поврзани новости