Tамара во Истанбул освои награда за „Пејачка од Македонија“

by Fokus

Тамара Тодевска ја доби наградата за Пејачка од Македонија на меѓународниот фестивал „Најдоброто од Румели 2022“ што вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција.

Тамара во своето обраќање до присутните им се заблагодари на организаторите и истакна дека секогаш ќе има убави спомени за Истанбул:

– Во текот на мојата успешна кариера добив повеќе награди, повеќе признанија и секоја од нив ми е особено важна. Овие награди не се обични предмети, туку се доказ за квалитетот на мојата работа, за музиката што ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници. Искрено, Ви благодарам за честа и за тоа што повторно ме направивте горда – истакнала Тодевска.

Поврзани новости