Тринаесетгодишно момче се вратило дома со настинка, завршило со ужасна дијагноза: родителите во шок, светот им се преврте наопаку

by Fokus

Навидум едноставна настинка се претвори во ноќна мора за едно британско семејство. Тринаесет годишниот Даниел Флемен од Велика Британија пред речиси две години одел на училиште како нормално момче, се додека еден ден, се вратил дома и се пожалил на симптоми слични на настинка, за што му дале антибиотици. Следниот ден на момчето му бил дијагностициран тумор на мозокот.

Загрижените родители Џули и Најџел го однеле својот син на преглед и биле шокирани кога слушнале дека нивниот син се соочува со страшна болест која му предизвикала проблеми со подвижноста и комуникацијата.

„Ако ме прашате како се чувствувам, од август 2022 година се чувствувам како автобус да ме удрил. Тоа е како мозочна магла, не го знам одговорот, но мораме некако да го поминеме. Тие навистина кажуваа дека е настинка, но само едно лице рече дека мисли дека нешто не е во ред и отидовме во болница“, раскажа таткото на момчето.

„Тие ги направија тестовите во болницата „Блекпул Викторија“, по што нашиот свет беше превртен наопаку“, додаде тој.

Откако му било кажано дека Даниел има маса на мозокот, тинејџерот бил примен во болница во Манчестер на 6 ноември 2022 година, каде што се наоѓа оттогаш. Набрзо почнал со хемотерапија, но се случило да добие напад под седативи, што му ја влошило здравствената состојба.

Оттогаш имал уште неколку операции, меѓу кои и една на тумор при што доживеал мозочен удар. Во мај 2023 година, било откриено дека Даниел има хидроцефалус, односно акумулација на течност на мозокот, што значело итна и долга операција.

Даниел сега е врзан за инвалидска количка и други го чуваат. Со него во болница е и неговата мајка, која во моментов е на респираторна единица поради потребниот кислород во текот на ноќта.

„Не беше реално дека ова се случува, мислев дека е сон, дека ќе се штипнам и ќе се разбудам“, заклучи Нијер и рече дека моментално работат на прилагодување на куќата за потребите на Даниел.

Најџел истакна дека по операцијата ќе треба да поминат дури две години за да се знае како ќе продолжи неговото понатамошно закрепнување.

Поврзани новости