Тринаесетгодишно девојче нападнато од осуммина и силувано на базен во Келн

by Fokus

Тринаесетгодишно девојче било сексуално злоставувано од момчиња на возраст од 14 до 16 години на базен во Келн. Осуммината се осомничени дека ја опколиле во базен и сексуално ја злоставувале.

Од полицијата велат дека таа успеала да се ослободи и да повика спасувач. Потоа повикал полиција, која пристигнала со седум патролни возила и ги затекнала осомничените на излезот од базенот.

Идентификуван е и сведокот кој го набљудувал целиот инцидент. Напаѓачите живеат во Рајнската област, тројца од нив имаат турско, четворица сириско, а еден од нив има ирачко државјанство.

Поврзани новости