Трикратниот убиец од Злетово се обесил?!

by Фокус

Во непосредна близина на бачило кај Злетово пронајдено е лице кое се обесило и во овој момент полицијата ги проверува информациите дека станува збор за трикратниот убиец кој утринава, 20 минути пред 7 часот ликвидираше тројца.

МВР информира дека досега против осомничениот убиец, Д.М. се поднесени две кривични пријави за кривични дела телесна повреда и тешка телесна повреда сторени во семејството.

Веднаш откако се добиени пријавите полицијата излезгла на терен и констатирала дека на посочените локации се убиени три лица и тоа двајцата родители на пријавителката – Илија М.(65) и Јана М.(63) и сопственикот на куќата каде што прво се слушнати истрелите Методи Д.(51).

– Од преземените мерки утврден е идентитетот на осомничениот, односно дека станува збор за професионалниот војник на АРМ Д.М., од Злетово, на возраст од 40 години. Според сознанијата, по извршеното тројно убиство осомничениот се упатил во неговата куќа, односно во домот каде што живееле со сопругата, каде што физички се пресметале со нејзиниот брат. Во пресметката, братот на неговата сопруга успеал да му го одземе оружјето, службена автоматска пушка, за која постојат сомневања дека била употребана при убиствата и потоа избегал. Веднаш е стапено во контакт и со Армијата на Република Македонија, по што е утврдено дека истиот своеволно го напуштил работното место. Од направените проверки, утврдено е дека тој не поседува друго приватно оружје – информира полицијата.

Поврзани новости