431
Семејствата на четирите убиени момчиња на Смилковското езеро, на тригодишниот помен од грозоморниот масакар токму на Велигден, запалија свеќи на местото на убиствата.
Тие велат дека се разочарани и револтирани од институциите, бидејќи, според нив, се крие целата вистина за злосторството.
– Самиот факт што двајцата убијци не се есктрадираат од Косово укажува дека во позадина стои висок функционер – рече родител на едно од убиените момчиња.
Овој случај доби судска разрешница во прв степен и предизвика граѓански протести, а повторно се актуелизира по најавите на Зоран Заев дека ќе објави материјали што ја откриваат вистината околу него.