Трифонов: Само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, а 100.000 имаат бугарски пасош!

by fokus

Лидерот на парламентарната партија во Бугарија „Има таков народ“, Слави Трифонов реагираше на резултатите од пописот во Македонија што ги објави Државниот завод за статистика.

– При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека ги објавиле податоците само за етничките заедници кои се застапени во македонскиот Устав, реагира Трифонов.

Тој нагласува дека само 3. 504 граѓани се изјасниле како Бугари, а тоа е – како воопшто да нема Бугари.

-Само во последните две години, кога светот го затвори пандемијата, бугарски пасоши добиле 16.692 граѓани на Северна Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош мора да го докаже бугарскиот корен. Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажале своите бугарски корени во Бугарија, а во Северна Македонија се плашат да ги нарекуваат „Бугари“. Зошто во една нормална европска земја, како што тврди Северна Македонија, еден човек би се плашел да каже што е тоа? Затоа што ова не е нормална, европска земја, резимира Трифонов.

Понатаму тој додава дека зборувајќи логички, „ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени“.

-Значи, моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија ќе биде само дел од Западен Балкан, заклучува Трифонов во објавата на Фејсбук.

Поврзани новости