Триесет и четиригодишна жена паднала од поткровје од куќа и починала на лице место

by Frosina Fakova

Жена на возраст од 34 години синоќа паднала од поткровје од куќа во скопското село Батинци и починала на лице место.

Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.

 

Поврзани новости