СДСМ: Додека владееше ВМРО-ДПМНЕ цената на струјата порасна за 100 отсто, нивната загриженост е лицемерна

by Frosina Fakova

Додека ВМРО-ДПМНЕ владееше, а лидерот Христијан Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на електричната енергија порасна за 100 отсто, евтината тарифа на струјата беше укината, а државата беше зависна од увоз на скапа струја, реагира СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Одлуката за корекцијата на цената на струјата е донесена од страна на независно, професионално тело, Регулаторната комисија за енергетика, за да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби предизвикани од последиците на коронакрозата. За да се заштитат граѓаните, евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега. Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невработените лица кои најмногу ја користат оваа мерка. Со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа. Лажна и лицемерна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија ќе остане запаметена по руинирањето на енергетскиот систем, единствено заради лични и бизнис интереси на поединци, реагира СДСМ.

Поврзани новости