Трибина за лицата со инвалидитет и звучни музички имиња на концертот на „Меморија”!

by fokus

Концертниот спектакл на групата „Меморија” кој ќе се одржи на 11-ти јуни на стадионот на АРМ ветува добра забава за сите генерации, но и многу музички гости кои публиката ги нема слушнато во живот подолг период.
На прес конференцијата на ,,Меморија” беше соопштено дека настанот ќе го отвори младата група ,,2ВЕ” на која ќе и се придружи Ламбе Алабаковски, кој по неколку години поминати во Америка повторно се враќа на македонската сцена.

Групата ,,Морал” исто така е помеѓу специјалните гости, а во спомен на прерано починатиот вокал Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев ќе ги отпеел хитовите на рок бендот.

Ќе настапат и ,,Некст тајм” со нивните преработки на стари македонски песни, најавено е гостување и на Венко Серафимов и Сеад Јакупи од култниот рок бенд ,,Конкорд”, Енко и Сецко Хаџиќ од ,,Ласт експдишн”…
Како потег кој наиде на голем поздрав е тоа што се подготвува посебна платформа за лицата со инвалидитет кои користат помагало за движење, со што и тие ќе можат да го проследат концертот на ,,Меморија”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости