Најава за пороен дожд, грмежи, ветер и можна појава на град

by fokus

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степен.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина),
силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Поврзани новости