469
Директорот на технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, најави три нови инвестиции, една во ТИРЗ Скопје, една во Штип и една во Кичево.
Со трите компании се постигнал договор, а со едната на крајот на мај ќе се потпише, најави Деспотовски.
Сериозен раст на уплатите во буџетот од страна на компаниите во зоните регистрирала Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, од каде посочуваат дека тоа генерално се должи на зголемувањето на бројката на вработени во овие компании.