Што преземаат институциите за превенција од насилство во училиштата?

by Фокус

Владата денешната седница ја започна со едноминутно молчење и оддавање почит кон жртвите во двата ужасни инцидента, што се случија во Република Србија, во Белград и во близина на Младеновац.

На владината седницата надлежните министерства информираа за активностите што се преземаат во нашата држава, во делот на превенција во училиштата, како и на државно ниво, за заштита од каков било вид насилство.

Од страна на Министерството за внатрешни работи е информирано дека во континуитет се преземаат активности во делот на превенцијата и дека се применуваат протоколите за безбедносна проверка за влез и излез на учениците во училиштата и околината од училиштата.

Министерството за образование и наука, пак, информира дека се изготвува прирачник за училиштата за постапување по однос на превенција од врсничко насилство и други видови насилство, како и дека се работи и на зајакнување на стручните психолошко – педагошки служби.

Воедно, од денеска е отворена и електронска адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk, или на албански paraqitdhune@mon.gov.mk каде што едноставно, со една порака ќе се пријавува врсничко насилство и по секоја пријава ќе се постапува веднаш.

Поврзани новости