Три нови случаи на туларемија, регистрирани вкупно 28 заболени

by Фокус 11:27
11:27

Три нови случаи на туларемија се регистрирани во Скопје, од кои едно лице во општина Чаир, а две во Арачиново, со што нивниот број достигна 28 регистрирани случаи, потврдија денеска од министерството за Министерството за здравство. Според нив, сите се во добра општа состојба и по извршените амбулантски прегледи се пуштени на домашно лекување.

– Кај трите лица утврдено е дека инфекцијата настанала пред неколку недели. Инаку, досега регистрирани се вкупно 28 лица заболени од туларемија, меѓу кои во општина Арачиново – 9 случаи, општина Лозово – 12 случаи,  општина Чаир – 1 случај, општина Кисела Вода – 1 случај, општина Свети Николе – 2 случаи, општина Куманово – 3 случаи.Министерството за здравство и надлежните институции редовно ја следат состојбата и се преземаат сите потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки и активности за превенција и сузбивање на ова заболување. Редовно се врши испитување на квалитетот на водата за пиење во загрозените подрачја и доколку е неисправна, се забранува за пиење и се даваат препораки на населението за превривање на водата. Континуирано се делат едукативни материјали со совети за превенција на населението – се наведува во соопштението од ресорното министерство.

- Advertisements -

Поврзани новости