Уште три нови случаи на туларемија се пријавени во Институтот за јавно здравје, а за уште три се чека официјална потврда, информираа од министерство за здравство. Во овчеполието регистрирани се пет случаи на заболени од туларемија , од кои четворица во Каратманово и едно лице во село Лозово.
Според доктор Јованка Костова, сите пациенти се во стабилна здравствена состојба, а основниот совет е доколку во близина забележат глувци, веднаш да се изврши дератизација.
– Центрите за јавно здравје веќе направиле дератизација на куќите и училиштата од каде што се пријавените, за анализа земени се мостри од вода и дадени се насоки за редовно хлорирање на водата. Граѓаните да не ги допираат, веднаш да се изврши нивно уништување, и се разбира да побараат помош од Центарот за јавно здравје – велиКостовска.
Туларемијата е заразна болест, причинета од бактерија, од која заболуваат и луѓето и животните. Станува збор за бактерија која е oтпорна на надворешната средина и долго се одржува во лешеви на умрени животни, во почвата, во површинските води, како и во прехранбените продукти.
Во зависност од начинот на пренесување, заболувањето може да се манифестира со кожна промена или оток на лимфните жлезди, болки во стомакот, повраќање, проливи.